Why is the reintegration and rehabilitation of women victims of violence important?
The reintegration and rehabilitation of women victims of violence who have left the violent environment is a key process that completes the system of protection against gender-based and domestic violence. Namely, after the woman is provided with help and protection, and measures are taken to reduce the risk of future violence, she can then be reintegrated and rehabilitated in all social processes where she will fully recover and become independent. This means that she will have a safe and permanent home, as well as stable employment and suitable income for herself and her children.
To a large extent, economic dependence and lack of housing opportunities influence the decision to leave the abuser. A woman who suffers violence is financially dependent on the perpetrator of the violence, and can not decide to leave because this can cause potential poverty and homelessness for her and her children.
Reintegration and rehabilitation are processes that make it easier to make the decision to leave, but also to provide housing and employment, as well as recovery from surviving violence. The longterm goal of reintegration is a life without the risk of future violence, and without the risk of poverty and homelessness.
In order to get better acquainted with the process of reintegration and rehabilitation, as well as the proposed Model for reintegration, we have prepared an informative and educational brochure that contains detailed information about these processes.
The brochure is intended for professionals and service providers working with women victims of gender-based and domestic violence, as well as for decision-makers responsible for creating policies and laws related to gender based and domestic violence.
The brochure is available at this link.
Реинтеграцијата и рехабилитацијата на жени жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина е клучен процес кој го комплетира систем на заштита од родово базирано и семејно насилство. Имено, откако на жената и е пружена помош и заштита и е обезбедена нејзината безбедност, таа може потоа да реинтегрира и рехабилитира во сите општествени процеси каде целосно ќе закрепне и ќе стане независна. Ова значи дека таа ќе има обезбедено безбедно и трајно живеалиште, како и стабилно и приходно вработување за себе и своите деца.
Во голема мера, економската зависност и немањето можност за живеалиште влијаат на одлуката за напуштање на насилникот. Жената која трпи насилство е финансиски зависна од сторителот на насилството, и не може да донесе одлука да го напушти бидејќи ќе значи потенцијална сиромаштија и бездомништво за неа и нејзините деца.
Реинтеграцијата и рехабилитацијата се процесите кои овозможуваат полесно да се донесе одлуката за напуштање, но и да се обезбедат дом и вработување, како и опоравување од преживеаното насилство. Конечната цел на реинтеграцијата е живот без ризик од идно насилство, и без ризик од сиромаштија и бездомништво.
Со цел подобро запознавање со процесот на реинтеграција и рехабилитација, како и предлог Моделот за реинтеграција, изготвивме информативна и едукативна брошура која содржи детални информации за овие процеси.
Брошурата е намената за професионалци и даватели на услуги кои работаат со жени жртви на родово базирано и семејно насилство, како и за донесувачи на одлуки кои се одговорни за креирање на политики и закони поврзани со насилство врз жени.
Брошурата е достапна на овој линк.