“Training for representatives from women’s civil society organizations to strengthen organizational capacities, capacities for advocacy and provision of specialized services on the topic “Representation of women’s civil society organizations at the local level – preparation of tools for advocacy”
In order to obtain specific information about the needs of local women’s organizations, the National Network to End Violence against Women and Domestic Violence in 2021 conducted an assessment of the capacities of local women’s organizations, which included infrastruture, technical and human capacities, as well as financial capacities, as well as overall project management. In addition, a capacity assessment was made for the skills and knowledge for advocacy, as well as the provision of support services for women and children victims of violence by local women’s organizations, i.e. the specific needs of the organizations for establishing and managing specialized services for women victims of violence and their children, as well as an assessment of their knowledge of the standards for specialized services.
Based on the assessment made in order to strengthen organizational capacities, third 3-day training was held by June 28th to 30th, 2022 at the Hotel Romantic- Veles on the topic “Advocacy of women’s civil society organizations at the local level – preparation of tools for advocacy” with representatives of women’s civil society organizations from Crisis Center Nadezh, Women’s Action-Radovis, ZRE Vision -Kavadarci, ZGI Clea-Bitola, H.Z Majka-Kumanovo, Women’s Civic Initiative-Sveti Nikole, Organization of Women from Sveti Nikole, Semper Bitola, Cortex Tetovo, National Roma Center and Organization of Women Veles.
The training included topics on types and concepts of advocacy, steps in the advocacy process, and practical exercises where advocacy tools were prepared from already conducted analysis and research.
This training is the third of the trainings for strengthening the capacities of local women’s organizations planned within the project “On the way to the EU: Prevention of violence against women in the Republic of North Macedonia”, financed by the “Kvinna till Kvinna” Foundation (The Kvinna till Kvinna Fondation), and implanted by the National Network against violence against women and domestic violence.
,,Обука за претставници од женски граѓански организации за јакнење на организациските капацитети, капацитетите за застапување и обезбедување специјализирани услуги на тема “Застапување на женски граѓански организации на локално ниво-подготовка на алатки за застапување“
Со цел добивање на конкретни информации за потребите на локалните женски организации, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во 2021 година спроведе проценка на постоечките капацитети на локалните женски организации која што ги опфати просторните, техничките и човечките капацитети, како и капацитети за финансиско и целокупно водење на проекти. Дополнително, се направи и процена на капацитети за постоечките вештини и знаења за застапување, како и обезбедување услуги за поддршка на жени и деца жртви на насилство од страна на локалните женски организации односно специфичните потреби на организациите за воспоставување и раководење со специјализирани услуги за жени жртви на насилство и нивните деца, како и процена на нивното познавање на стандардите за специјализирани услуги.
Врз основа на направената проценка со цел зајакнување на организациските капацитети, стратешко планирање активности и аплицирање за средства, како и подобрување на вештините за застапување преку спроведување заеднички акции за застапување и учење на позитивните аспекти на застапувањето засновано на аргументи, беше одржана третата тродневна обука од 28-ми до 30-ти јуни 2022 година во хотел Романтик Велес на тема “Застапување на женски граѓански организациии на локално ниво-подготовка на алатки за застапување“ со претставнички од женски граѓански организации од Кризен центар Надеж, Женска Акција-Радовиш, ЗРЕ Визија-Кавадарци, ЖГИ Клеа-Битола, Х.З Мајка-Куманово, Граѓанска иницијатива на жени-Свети Николе, Организација на жени од Свети Николе, Семпер Битола, Кортекст Тетово, Национален Ромски Центар и Организација на жени Велес.
На обуката беа опфатени теми за видови и концепти на застапувањето, чекори во процесот на застапување и практични вежби на кои се започна да се подготвуваат алатки за застапување од веќе спроведени анализа и истражувања.
Оваа обука е трета од обуките за зајакнување на капацитетите на локалните женски организации планирани во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ ,финансирана од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплантиран од Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство..