Press Release: Country Progress Regarding the Issue of VAW and DV – recommendations from International bodies/Соопштение за јавност: Напредок на државата по прашањето на насилство врз жени и семејно насилство – осврт на препораките од Меѓународните тела

Over the past 12 months, the Republic of North Macedonia received recommendations from three international instruments based on the prepared and delivered reports on the progress and the reforms achieved by the country in the respective area of reporting; however, this report will focus on the progress in the area of gender-based violence. Namely, recommendations were received by the European Commission on the country`s progress in the period March 2018-March 2019, from the United Nations following the submittal of the UPR (the Universal Periodic Review) for a period of five years (2013-2017) and from the Committee on the Elimination of All Forms of Discrimination against Women (CEDAW) for a period of 5 years.

The general conclusion is that although the country has noted progress in this area, albeit minor and mostly regarding improvement of the legal framework, the situation with regard to direct assistance and protection of women-victims of domestic violence remains unchanged.

Namely, all three reports recognize and welcome the steps the country has undertaken for improving the legislation through the ratification of the Council of Europe Convention on preventing and combating violence against women and domestic violence (the Istanbul Convention), including the preparation and adoption of the National Action Plan for its implementation (2018-2023). Furthermore, the adoption of the National Action Plan for Gender Equality (2018-2020), one chapter of which is dedicated to gender-based violence, as well as the measures undertaken for raising awareness about gender equality and eradicating gender prejudices and stereotypes as one of the most significant reasons behind the violence against women, have also been recognized as progress. Additionally, the improvements include the amendments to the Criminal Code which stipulate increasing the minimum age for common-law marriages from 16 to 18 years, including the changes in the definition of the criminal offence “hate speech” by recognizing gender-identity as one of the grounds.

All three reports express concern about certain aspects and give recommendations for follow-up in the upcoming period. One of the main remarks refers to the slow pace of implementing changes and to the need for prioritizing this area and undertaking urgent measures.

The document with country progress can be downloaded here.

**********************************************************************************************************

Во изминатите 12 месеци, Република Северна Македонија доби препораки од три меѓународни инструменти на основа на подготвените и испратени извештаи за прогресот и реформите кои државата ги направила во областите за кои известува, а ова соопштение ќе се фокусира на напредокот во областа на родово заснованото насилство. Имено, препораки се добиени од Европската Комисија за напредокот на државата во периодот (март 2018 – март 2019), од Обединетите Нации по доставување на УПР-от (Универзален периодичен преглед) за период од 5 години (2013 – 2017), и од Комитетот за Елиминација на сите форми на дискриминација кон жените (CEDAW) за период од 5 години.

Генералниот заклучок е дека државата остварила напредок во оваа област, но е минимален и се однесува на подобрување на законската рамка, додека директната помош и заштита на жени жртви на насилство останува непроменета.

Имено, во сите три извештаи се препознаваат и поздравуваат чекорите кои ги има превземено државата за унапредување на легислативата преку ратификација на Конвенцијата  на Советот на Европа за спречување и заштита од различни форми на насилство врз жени и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) и подготовката и усвојувањето на Националниот Акциски План за нејзино имплементирање (2018 – 2023). Препознаени како напредок, се и усвојување на Националниот акциски план за родова еднаквост (2018 – 2020) во кој е посветено едно поглавје на родово заснованото насилство, а предвидени се и мерки за подигнување на свеста за родова еднаквост и намалување на родовите предрасуди и стереотипи како едни од најзначајните причини за постоење на насилството врз жените. Понатаму, измените на Кривичниот законик со кои се предвидува зголемување на минималната возраст за вонбрачна заедница со дете од 16 до 18 години се едни од остварените подобрувања, како и измените на дефинирањето на кривичнотот дело Говор на омраза преку препознавање на родовиот идентитет како основ.

Во трите извештаи се изразува и загриженост за одредени аспекти и се даваат конкретни препораки за делување во следниот период. Една од главните забелешки е дека промените се случуваат многу бавно и потребно е приоретизирање на оваа област и превземање итни мерки.

Целиот извештај може да го превземете на следниот линк.

Print Friendly, PDF & Email