Workshop on the EU Gender Action Plan II / Работилница за Планот за родова акција на ЕУ
On 11 June in Skopje, a representative of the National Network to End Violence against Women and Domestic Violence participated in the workshop on presenting the Gender Action Plan II of the European Commission for External Services. The workshop was organized by Kvinna till Kvinna Foundation and Reactor – Research in Action. Besides representatives from women’s civil organizations/organizations working in the field of gender equality and human rights, the workshop was attended by members of the national mechanisms for gender equality.
The aim of the workshop was detailed presentation of the Gender Action Plan II, its implementation in the country and its correlation with the National Action Plan. Besides the content of the Gender Action Plan, the tasks and responsibilities of different EU institutions, the role of member-states and the potential role of the civil society organization, the workshop was used to also present selected thematic points, the use of gender analysis, as well as the support GAP II offers in EU programming. The last session was dedicated to a discussion about the cooperation between EUD and civil society organizations in the direction of furthering the GAP II implementation.
The National Network, with the support of the Kvinna till Kvinna Foundation and as part of the Project “On the Road to EU: Ending Violence against Women in the Republic of Macedonia” prepared an EU Advocacy Strategy and actively works on improving the cooperation between women CSO’s and the relevant national institutions and the EU Delegation in Skopje on issues related to gender-based violence and the implementation of the Istanbul Convention.
***********************************************************************************************************
Преставник од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство учествуваше на работилница за запознавање со Планот за родова акција на Европска Комисија за Надворешните сервиси (Gender Action Plan II) на 11 јуни во Скопје. Работилницата беше организирана од The Kvinna till Kvinna Foundation и Реактор – Истражување во акција. На работилницата покрај претставници од женските граѓански организации/организации кои работат на полето на родова еднаквост и човекови права присуствуваа и членовите на националните механизми за родова еднаквост.
Целта на работилницата беше подетално запознавање со Планот за родова акција II, неговата имплементација во земјата, како и неговата корелација со националниот акциски план. Покрај содржина на Планот за родова акција, обврски и одговорности на различни инсттитуции на ЕУ, улогата на земјите членки и потенцијалната улога на граѓанските организации беа презентирани избраниte тематски цели, употребата на родова анализа, како и поддршката што ја овозможува ГАП 2 во ЕУ програмирањето. Во последната сесија беше дискутирана соработка помеѓу ЕУД и граѓанските организации во насока на унапредување на имплементацијата на ГАП 2.
Националната мрежа со поддршка на Kvinna till Kvinna Foundation, а во рамки на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Македонија“ изработи и Стратегија за застапување во ЕУ и активно работи на унапредување на соработката на женските граѓански организации со релевантните национални институции и делегацијата на ЕУ во Скопје на теми поврзани со родово засновано насилство и имплементација на Истанбулската конвенција.