Working Meeting for Establishment of Counseling Centers in Skopje / Работна средба за воспоставување на советувалишни центри во Скопје
On 18.07.2018, in “Public room”, the National Network held a working meeting with professionals from the field of social protection working in the Municipalities from the Skopje Region. This working meeting was a follow up of the cooperation between the National Network and the local self-government for establishment of Psycho social Counseling Centers for women and children victims of domestic violence in Skopje.
In the pre-election period, by signing the Public commitment for the advancement of the protection of women and children victims of various forms of violence, including domestic violence at local level, the Mayors undertook to allocate a portion of the local budgets to advancement/establishment of services for the victims of violence.
Besides the representatives from the Cabinet of the Mayor of the City of Skopje, professionals from the field of social protection from the following Municipalities: Aerodrom. Gjorche Petrov, Centar, Kisela Voda, Butel, Gazi Baba and Chair also attended the meeting.
На 18.07.2018, во работните простории на Јавна соба, се одржа работна средба со професионалците од областа на социјалната заштита, кои работат во општините на Скопскиот плански регион и тимот на Националната мрежа. Со оваа работна средба се продолжи процесот на соработка помеѓу Националната мрежа и локалната самоуправа за воспоставување на советувалишни центри за психо-социјална помош и поддршка за жени и деца жртви на семејно насилство во Скопје.
Градоначалниците во предизборниот период, со потпишување на Јавната заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство на локално ниво, се заложија да одвојат дел од локалните буџети за унапредување/воспоставување на сервиси за жртвите на насилство.
Покрај претставниците од кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, учество земаа и професионалците од областа на социјалната заштита од следниве општини: Општина Аеродром, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Центар, Општина Кисела Вода, Општина Бутел, Општина Гази Баба и Општина Чаир.