What are the investments and the minimum standards for protection from gender-based and domestic violence / Кои се инвестициите и минималните стандарди за заштита од родово засновано и семејно насилство
The Public Policies Document “What are the investments and the minimum standards for protection from gender-based and domestic violence”, including the findings from the “Methodology for establishing the costs for specialized services for women-victims of violence and domestic violence, defining prices and assessment of costs for six services” was presented on 29 June. Both documents were prepared by HERA – Health Education and Research Association.
HERA says that “According to the state costs assessment, the Government and local self-government should allocate around 70 million denars on annual basis for continuous functioning of the specialized services for protection from violence and domestic violence, planned in the Action Plan for Implementation of the Istanbul Convention 2018-2023.”
The Public Policies Document makes an analysis of the resources and measures needed to be undertaken by competent ministries to ensure efficient functioning of the specialized services for protection from gender-based violence in line with the standards of the Council of Europe Convention on preventing and combating violence against women and domestic violence. The “Costs Methodology” makes an assessment of the costs of different types of services provided, including to perpetrators of violence.
The publication is part of the project “Technical assistance to the Government and civil society organizations in overcoming the shortcomings in the provision of services and harmonization with the minimum standards established with the Council of Europe Convention on preventing and combating violence against women and domestic violence” as part of the EU and UN Women Regional Program “Preventing Violence against Women and Girls: Implementing Norms – Changing Minds””.
You can find the public policies document on the following link. The document is available only in the Macedonian language.
https://hera.org.mk/wp-content/uploads/2019/06/Policy-Brief_Investicii-i-minimalni-standardi_RBN.pdf
************************************************************************************************************
На 29 јуни беше промовиран Документот за јавни политики „ Кои се инвестициите и минималните стандарди за заштита од родово засновано и семејно насилство“ како и наодите од „Методологија за утврдување на трошоците за специјализираните услуги за жени жртви на насилство и на семејно насилство, дефинирање на цените и проценка на цените за шест услуги“. Двата документи се подготвени од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Од ХЕРА велат дека „Според направената проценка на трошоци државата, односно Владата и локалната самоуправа треба да обезбедуваат околу 70 милиони денари на годишно ниво за непречена работа на сите специјалзиирани услуги за заштита од родово заснованото насилство и семејното насилство, кои се планирани во Акцискиот план за спроведување на Истанбулската Конвенција 2018 – 2023.“
Документот за јавни политики прави анализа на потребните ресурси и мерки кои треба да ги преземат соодветните министерства за да се обезбеди ефикасно функционирање на специјализираните сервиси за заштита од родово засновано насилство согласно стандардите на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство. Во „Методологијата на трошоци“ се прави процена на цените за видовите на услуги кои се обезбедуваат, но и за сторителите на насилството.
Публикацијата е во рамки на проектот: “Техничка помош на Владата и на организациите на граѓанското општество за решавање на недостатоците во обезбедувањето услуги и усогласување со минималните стандарди утврдени со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство” во рамки на Регионалната програма на ЕУ и UN Women “Спречување на насилството врз жените и девојките: Имплементирање на норми – промена на ставови”.
Документот со јавни политики може да го најдете на следниот линк и е достапен само на македонски јазик.
https://hera.org.mk/wp-content/uploads/2019/06/Policy-Brief_Investicii-i-minimalni-standardi_RBN.pdf