Two cases of femicide in less than two weeks is a sign of the system’s failed attempts to cope with domestic and gender-based violence/Два фемициди за неполни две недели се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство

The femicide, one of the most extreme form of violence against women and girls and most often a consequence of continuous long-term domestic or intimate-partner violence, is unfortunately very much present in the pores of our family communities and the social system in general.

The alarming case of the murder of a young woman yesterday in Skopje by her partner is the second case of femicide in less than 2 weeks, which points to the absolute and urgent need for systemic mobilization of all available national and local resources and capacities for prevention of and combating gender-based violence in all its forms.

We are calling upon the Ministry of Interior, the Public Prosecutor’s Office and the Ministry of Labor and Social Policy to urgently resolve these cases and initiate appropriate procedures against the perpetrators. The National Network to End Violence against Women and Domestic Violence has been continually warning about the increased risk of domestic and intimate-partner violence in the state of emergency and calling for urgent action in cases of violence against women and children by competent institutions. We are expecting criminal charges and prosecution of the perpetrator in compliance with the laws and the Istanbul Convention.

Фемицидот е најекстремната форма на насилство врз жените и девојчињата и во најголем број случаи е последица на континуирано повеќегодишно семејно или интимно-партнерско насилство, и за жал, често застапен и во порите на нашите семејни заедници и општествениот систем во целост.

По објавувањето на вознемирувачката вест за вчерашното убиство на млада жена во Скопје од страна на својот партнер, за неполни две недели во нашата држава бележиме 2 фемициди, што укажува на апсолутната и итната потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици.

Ги повикуваме Министерство за Внатрешни работи, Основното Јавно Обвинителство и Министерство за труд и социјална политика на итно разрешување на случаите и покренување на соодветни постапки против сторителите. Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство постојано предупредува за зголемениот ризик од семејно насилство и интимно-партнерско насилство во услови на криза, и повторно апелира за итно и приоритетно постапување во случаите на насилство врз жени и деца од надлежните институции. Очекуваме кривична пријава и гонење на сторителот согласно законите и Истанбулската Конвенција.

Националната Мрежа ќе ги следи случаите, постапувањето на институциите и преземените мерки, како и секој случај кој вклучува насилство врз девојки, жени и/или нивните деца.

Print Friendly, PDF & Email