The Parliament voted “YES” for greater reproductive freedom of women! / Собранието гласаше „ЗА“ поголема репродуктивна слобода на жените!
On 15th of March, 2019 the Macedonian Parliament adopted the new Law for termination of pregnancy. In that respect, women CSO’s jointly in the name of the Platform for gender equality prepared and published press release:
“The Gender Equality Platform welcomes the adoption of the new Law on Termination of Pregnancy by the Parliament, as well as the commitments of the MPs from different political parties to a freer reproductive life of women in our country.
Six years after the adoption of the restrictive law, women`s needs are once again prioritized. One of the numerous advantages that facilitates the access to abortion and acknowledges the reproductive freedom of the woman is removing the administrative barriers which included filing a written request for this medical procedure, mandatory biased counseling and a post-counseling three-day waiting period. The formation of the First Instance Commission has been moved from the current 12th to the 22nd gestational week of pregnancy, and the provisions which obligated women to provide proof of rape or disadvantaged social position have been deleted. The new law reduces doctors` sanctions by tenfold, which will greatly improve their communication with their patience and the service quality. Medical abortion is also introduced, which, as the World Health Organization States, is the safest form of abortion during early pregnancy. By expanding the service to primary level, the abortion becomes accessible in more cities and towns which will result in reducing travel costs for women and their families.
In order to ensure consistent application of the newly adopted Law on Termination of Pregnancy, we, the members of the Gender Equality Platform, call on the Ministry of Health to immediately start implementing all obligations arising from the law, i.e. to prepare, without any delay, clinical guidelines for a safe abortion, including the medical abortion, and to ensure registration of medical abortion pills which would make termination of pregnancy an accessible health service throughout the country”.
The Gender Equality Platform is an independent and non-formal network of Macedonian NGOs, representatives of the civil society and individuals dedicated to building a gender-equal society. The Gender Equality Platform is a progressive core that promotes gender equality as a value, acts jointly, proactively influences the society`s power centers and promotes the protection of the right to free choice. It provides the voice, leadership and unity in the joint action towards achieving gender equality in the society based on solidarity, equality, participation, transparency, willingness, responsibility and accountability.
You can find more information about the work of the Gender Equality Platform on the following link:
***********************************************************************************************************
На 15 Март, 2019 година, македонскиот парламент го изгласа новиот Закон за прекинување на бременост. Женските граѓански организации и организациите за човекови права подготвија соопштение за јавност кое г објавија во име на Платформата за родова еднаквост.
Платформата за родова еднаквост го поздравува усвојувањето на Законот за прекинување на бременоста од страна на Собранието, како и заложбите на пратениците од различни политички партии за послободен репродуктивен живот на жените во нашата земја.
По шест години од донесувањето на рестриктивниот закон, потребата на жената повторно е на прво место. Една од низата придобивки со кои се олеснува пристапот до абортус и се уважува репродуктивната слобода на жената е отстранувањето на административните бариери, односно на писменото барање за оваа здравствена услуга, задолжителното пристрасно советување и тридневното чекање по советувањето. Формирањето на Првостепената комисија се поместува од сегашната 12-та на 22-та гестациска недела од бременоста, а се бришат и барањата жените да приложуваат потврди во случаи на силување или неповолна социјална состојба. Новото законско решение десеткратно ги намалува казните за лекарите со што ќе се подобри нивниот однос кон пациентките и ќе се подобри квалитетот на услугата. Се воведува абортусот со апчиња (т.н. медикаментозен абортус), којшто според Светската здравствена организација е најбезбедниот начин за абортус во раната бременост. Со проширувањето на услугата на примарно ниво, абортусот станува пристапен во поголем број на градови и населени места со што ќе се намалат патните трошоци за жените и нивните семејства.
Со цел доследно спроведување на новоусвоениот Закон за прекинување на бременоста, ние, членките на Платформата за родова еднаквост, бараме од Министерството за здравство веднаш да се започне со спроведување на сите обврски што произлегуваат од законот, односно во најкус можен рок да се изготви клиничкото упатство за безбеден абортус, вклучувајќи го и медикаментозниот абортус и да се регистрираат апчињата за медикаментозниот абортус со што прекинувањето на бременоста би станало достапна здравствена услуга низ целата земја.
Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски невладини организации, претставници и претставнички на граѓанското општество и индивидуи кои се посветени на градење на родово еднакво општество. Платформата за родова еднаквост е прогресивно јадро што ја промовира родовата еднаквост како вредност, здружено дејствува, проактивно влијае врз центрите на моќ и општеството и се залага за заштита на правото на избор. Таа обезбедува гласност, лидерство и единство во заедничкото дејствување кон остварување на родовата еднаквост во општеството, врз основа на солидарност, еднаквост, партиципативност, транспарентност, доброволност, одговорност и отчетност.
Повеќе информации за работата на Платформата за родова еднаквост може да најдете на слениот линк https://rodovaplatforma.mk/