The lack of police interventions may result in femicide / Полициското непостапување може да резултура со фемицид
In September this year, our national and local media published a story about the 60-year old woman who was killed by her husband in the house they lived together in Gostivar. According to the media, there was domestic violence, before it escalated to murder, knowing that the victim called the police just a day before, to report violence. If that’s the truth, this won’t be the first case when the lack of police intervention led to femicide. Also, the media are still reporting these cases with sensational language, and lack of knowledge for gender-based and domestic violence, showing that they aren’t sensible enough when it comes to this problem.
This was the third femicide in Macedonia since the beginning of 2020. According to the researches and public data for our country, in more than 80% of the cases, the murder happened in their home, in her parent’s home, or during the divorce, and the murderer is often either the current or the ex-partner.
According to the Istanbul Convention, our laws should recognize femicide as a separate case of homicide. Our organization is hoping and expecting that the institutions will take action for sanctions to the workers who failed to protect the victims of femicide, even though they reported domestic violence before.
**********************************************************
Во септември оваа година поголем број национални и локални медиуми ја објавија веста за 60-годишната жена која беше убиена од страна на нејзиниот сопруг, во нивниот заеднички дом во Гостивар. Според медиумите, семејно насилство претходело на настанот, кој ескалирал со убиство, а жртвата пријавила во полиција само еден ден претходно. Ако се покаже дека тоа е вистина, ова нема да биде прв случај кога непостапувањето на полицијата резултирало со фемицид. Истовремено, медиумите сè уште известуваат за овие настани користејќи сензационалистички јазик, со малку познавање на родово-базираното и семејното насилство, што покажува дека не постои сензибилност кога се работи за овој проблем.
Ова беше трет фемицид во Македонија од почетокот на 2020. Според повеќе истражувања, во 80% од ваквите случаи, убиството се случило или во заедничкиот дом, или во домот на родителите на убиената жена, за време на бракоразводна постапка, а извршител е или сегашен или поранешен партнер.
Според Истанбулската ковенција, нашето законодавство сè уште не го препознава фемицидот како засебна форма на убиство. Нашата организација се надева и очекува дека институциите ќе преземаат соодветни акции за санкционирање на оние кои не постапиле соодветно во заштита на жртвата, иако таа претходно пријавила семејно насилство.