The first draft-version of the Law on Prevention and Protection from Violence against Women and Domestic Violence prepared / Подготвена првата предлог верзија на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Following the ratification of the Istanbul Convention in December 2017, a National Action Plan for implementing the recommendations of the IC, which the Government of North Macedonia adopted in October 2018, obligated all competent institution to prepare operational plans for 2019.

One of the activities to be implemented by the Ministry of Labor and Social Policy was the preparation of a new Law on gender-based violence, for the purpose of which a working group was formed. Besides representatives from all relevant ministries and institutions, representatives from civil society organization working on the issue were also invited in the working group. National network to end VAW and DV was invited to participated and nominated a member.

After the numerous meetings held during the first half of 2019, the initial text of the law was finalized and sent for comments to the broader professional community. The next step is organizing public debates and putting the law to a vote in the Assembly of North Macedonia by the end of the year.

This law is a huge step forward in furthering the protection of women-victims of different forms of violence. So far, the national legislation regulated only domestic violence. However, the new law recognizes and defines physical, economic and sexual violence, stalking, sexual harassment, forced marriages, female genitalia mutilation, forced abortion and forced sterilization, and envisages specialized services for supporting women-victims in accordance with the Council of Europe recommendations.

************************************************************************************************************

По ратификацијата на Истанбулската Конвенција во декември 2017, беше изработен Национален акциски план за имплементација на препораките на ИК, кој Владата на Република Северна Македонија го усвои во октомври, 2018 и ги задолжи сите надлежни институции да изработат оперативни планови за 2019.

Како една од активностите во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, беше подготовка на нов Закон за родово базирано насилство за чија што цел беше формирана работна група. Покрај претставници од сите релевантни министерства и институции, во работната група беа поканети и претставници од граѓанските организации кои работат на оваа проблематика. Националната мрежа доби покана за учество во работната група, и номинираше свој член.

По многуте оддржани состаноци во првата половина од 2019 година, првичниот текст на законот е финализиран, и е пратен на коментирање на поширок круг на професионалци. Следниот чекор е организирање на јавни дебати и до крајот на годината се очекува да биде ставен на гласање во Собранието на Република Северна Македонија.

Овој закон е голем чекор напред во унапредување на заштитата на жените жртви на различни форми на насилство. Досега во националната легислатива беше регулирано само семејното насилство. Законот ги препознава и дефинира физичкото, психолошкото, економското и сексуалното насилство, демнењето, сексуалното вознемирување, присилните бракови, женско генитално осакатување, присилен абортус и присилна стерилизација и предвидува специјализирани услуги за поддршка на жените жртви согласно препораките на Советот на Европа.

 

CSSP Civil Society Strengthening PlatformGDPR Cookie Consent with Real Cookie Banner