School for Women`s Activism / Школа за женски активизам
The National Network, with the support of the Municipality of Centar, organized a School for Women`s Activism. The aim of this activity was to further educate girls aged 15-18 on topics related to gender equality and gender-based violence.
The workshops were organized on weekends during the months of October and November. The topics covered during the school included: gender ideals, gender stereotypes, discrimination, power, privilege and equality, gender-based violence and women`s activism. Each of the workshops was attended by one lecturer/guest – a feminist from a woman`s organization. The last weekend involved a walk around the territory of the Municipality of Centar during which the school participants and the Network`s team identified gender problems and developed gender initiatives.
The joint discussion gave birth to two initiatives: conducting peer education (by each of the candidates in her school/class) and filming a video for identifying gender identification.
As a follow-up to the activities that ensued from the gender initiatives, i.e. after the completion of the gender education and filming and editing of the gender-discrimination video, each of the participants in the School was awarded with a certificate.
***********************************************************************************************************
Националната мрежа со поддршка на општина Центар организираше Школа за женски активизам. Целта на оваа активност беше зголемување на знаењата на девојките на возраст од 15 до 18 години за теми поврзани со родова еднаквост и родово базирано насилство.
Работилниците се оддржуваа за викенди во текот на месец октомври и ноември. Школата ги опфати следните теми: Родови идеали, родови стереотипи, дискриминација, моќ, привилегија и еднаквост, родово базирано насилство и женски активизам. На секоја од работилниците присуствуваше по една предавачка/гостинка, феминистка од некоја од женските организации. Последниот викенд беше направена прошетка низ територија на Општина Центар, во која тимот на мрежата заедно со учесничките на школата утврдуваа родови проблеми, а во остатокот на работниот ден беа развивани родови иницијативи.
Како резултат на заедничка дискусија произлегоа две иницијативи: Одржување на врсничка едукација (секоја од кандидатките во школото во кое учи, односно во нејзиното одделение) и Снимање на видео за утврдување на родова дискриминација.
Откако беа завршени и активностите кои произлегоа од родовите иницијативи, односно беа завршени врсничките едукации, и беше снимено и монтирано видеото за утврдување на родова дискриминација, на секоја од учесничките им беа доделени сертификати за учество во Школата за женски активизам.