Request for issuing urgent measures for protection of women and children of domestic violence during a state of emergency/Барање за донесување на итни мерки за заштита на жени и деца жртви на семејно насилство додека трае вонредната состојба

The Government of the Republic of Northern Macedonia on 18 March 2020 declared a state of emergency on the entire territory of the country due to the situation with COVID-19 and to prevent the spread of the coronavirus. After the state of emergency was declared, as of 9 April 2020, the Government has held 15 sessions in which new decisions and measures for dealing with the COVID-19 pandemic in R. North Macedonia are adopted on a daily basis. The measures address different aspects and aim to alleviate the health, social and economic crisis that the citizens of RNM are currently facing, as well as to mitigate the consequences that will appear in the aftermath of the crisis.

A number of health measures have been adopted aimed at preventing the spread of the virus, such as restrictions on the movement and grouping of citizens in general, but guidelines are also given by categories regarding hygiene and disinfection measures, mandatory isolation and self-isolation, and quarantine, respectively.

Two packages of economic measures have been adopted to help companies, employers and workers deal with the risks from job loss, loss of profit and income, and self-sustenance during the crisis. Several measures and recommendations have been adopted in the area of social protection which mostly concerns the exercise of rights provided for in the Law on Social Protection, as well as special recommendations for special categories of citizens and facilitation of their access to social rights.

The Ministry of Labor and Social Policy issued a statement to the public with a recommendation that both parents should agree on the visitation schedule of the parent who does not have the children, disregarding the parents who are unable to come to such an agreement, which is especially important for domestic violence victims.

Special categories of citizens covered by the measures, or possible exceptions to the same, are people aged 67, people under 18, people with disabilities, farmers, as well as employees in pharmacies, restaurants and cafes who deliver food, and users of maternity leave. These groups of citizens are more prone to certain risks that make them more vulnerable to the coronavirus, but also to other risks including social and economic risks.

However, a particularly vulnerable category that is completely disregarded in the measures and the recommendations are the victims of domestic violence, i.e. women and children who are under great risk of domestic violence. Except for the notification of the Ministry of Labor and Social Policy addressed to victims of gender-based violence and domestic violence which lists the telephone lines for reporting violence, no urgent measure has been imposed or proposed for this particularly vulnerable category of citizens.

On a global level, the alarm about the increased risk of domestic violence is on. International organizations such as the United Nations and the Council of Europe point out the need for increased attention to domestic violence in times of crisis and urgent measures to deal with it. Some countries have adopted both urgent and specific measures designed to meet the specifics of women victims of domestic violence, as well as children victims of violence.

This document proposes measures the immediate adoption of which will enable protection of victims of domestic violence in the face of this crisis, but will also prepare the system of protection for dealing with cases of domestic violence after the crisis. The document underlines the risks specific to domestic violence and proposes urgent measures to deal with the same.

You can read the entire request here.

****************************************************************************************************

Владата на Република Северна Македонија на 18 Март 2020г. прогласи вонредна состојба на територијата на државата поради состојбата со COVID-19 и спречување на ширење на коронавирусот. По прогласувањето на вонредната состојба, заклучно со 09 април 2020г. одржани се 15 седници на Владата, каде секојдневно се донесуваат нови одлуки и мерки за справување со пандемијата од COVID-19 во Р. Северна Македонија. Мерките се носат од повеќе аспекти, и имаат за цел да ја ублажат здравствената, социјалната и економската криза која е секојдневие за граѓаните на РСМ, како и намалување на последиците кои ќе се појават по завршување на кризата.

Донесени се повеќе здравствени мерки чија цел е спречување на ширењето на вирусот, и овие мерки вклучуваат ограничувања на движењето и групирањето на граѓаните генерални, но и по категории, исто така дадени се насоки за однесување со мерки за хигиена и дезинфекција, задолжителна  изолација и самоизолација, и  карантин за оние за кои е предвиден.  Донесени се повеќе мерки во 2 пакета од областа на економијата, кои помагаат на претпријатијата, работодавците и работниците да се справат со ризиците од губење на работните места, добивката и приходите, како и одржување на самите претпријатија до крајот на состојбата. Донесени се неколку мерки и препораки од областа на социјалната заштита кои најмногу се однесуваат на остварување на правата предвидена во Законот за социјална заштита, како и посебни препораки за посебни категории граѓани и олеснување на нивниот пристап до социјални права.

Министерството за труд и социјална политика упати соопштение до јавноста со кое се препорачува двајцата родители да се договорат за видувањето на детето/цата со родителот со кој не живеат, но без при тоа да утврдат на кој начин треба да постапат родителите кои не се можност да се договорат, што е особено важно за жртвите на семејно насилство.

Посебни категории граѓани кои се опфатени со мерките, или може да бидат исклучок од истите се лицата на 67 години, лицата под 18 години, лицата со попреченост, лицата кои се занимаваат со земјоделство, како и вработените во аптеки, ресторани и кафеани кои вршат достава на храна, и корисници на породилно отсуство. Овие групи граѓани се издвоени согласно одредени ризици кои ги прават поранливи на коронавирусот, но и други ризици особено социјални и економски ризици.

Меѓутоа, посебна ранлива категорија која е целосно изоставена од мерките и препораките, се жртвите на семејно насилство, односно жени и деца кои се под голем ризик на семејно насилство. Освен известувањето на Министерството за труд и социјална политиката упатено до жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство, каде што се наведуваат броеви за пријавување насилство, ниту една итна мерка не е изречена ниту предложена за оваа посебно ранлива категорија граѓанки.

На ниво на целиот свет, алармот за зголемен ризик од семејно насилство е вклучен. Меѓународните организации како Организацијата на обединетите Нации и Советот на Европа упатуваат на зголемено внимание кон семејното насилство во услови на криза и итни мерки за справување со истото. Дел од државите донесоа и итни и специфични мерки, дизајнирани за спецификите на жени жртви на семејно насилство, како и деца жртви на насилство.

Овој документ предлага мерки чие итно донесување ќе овозможи заштита на жртвите на семејно насилство во услови на оваа криза, но и ќе го подготви системот на заштита за постапување при случаи на семејно насилство по завршување на кризата. Документот ги посочува ризиците кои се специфични за семејното насилство и дава предлог итни мерки за справување со истото.

Целото барање може да го прочитате тука.

Print Friendly, PDF & Email