Presentation of Study on violence against children / Презентација на Студија за насилство врз деца

On 10.05.2018, at hotel Holiday Inn, the Study on assessment of institutional mechanisms for prevention, identification, reporting, referral and protection of children from violence, conducted by National Network to End Violence against Women and Domestic Violence in cooperation with UNICEF was presented.

The presentation was opened with introductory address by Minister of Labor and Social Policy – Mila Carovska, Minister of Health – Venko Filipche, Minister of Education and Science – Renata Deskoska, Minister of Interior – Oliver Spasovski, Head of Cooperation Unit at the EU Delegation – Nicola Bertolini and Representative of UNICEF in Macedonia – Benjamin Perks. The findings and the recommendations from the study were presented by prof. d-r Stephen James Minton, international expert, and Elena Dimushevska, national expert.

The purpose of the study is to better understand the scope of the problem of violence against children, to identify systemic failures at the level of creation of policies and programs and their implementation, and to provide recommendations that will help in long-term planning for the prevention and protection of children against violence.

The implementation of the study was financially supported by the European Union and co-financed by UNICEF, in the frame of the regional project on protection of children from violence and inclusion of children with disabilities.

На 10.05.2018 г. , во хотел Холидеј ин, беше одржана презентација на Студијата за проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита на деца од насилство, изработена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во соработка со УНИЦЕФ.

На презентацијата воведни обраќања имаа Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Министерот за здравство Венко Филипче, Министерката за образование и наука Рената Дескоска, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Раководителот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската унија Никола Бертолини и Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс. Наодите и препораките од спроведената студија беа презентирани од страна на проф. д-р Стивен Џејмс Минтон, меѓународен експерт и Елена Димушевска, национален експерт.

Целта на студијата е подобро да се разбере обемот на проблемот со насилство врз децата, да се утврдат системските пропусти на ниво на создавање политики и програми и нивно спроведување и да се дадат препораки кои ќе помогнат за долгорочно планирање за превенција и заштита на децата од насилство.

Спроведувањето на студијата беше финансиски поддржано од Европската Унија, а кофинансирано од УНИЦЕФ, во рамките на регионалниот проект за заштита на децата од насилство и инклузија на децата со попреченост.

Студијата може да се најде на следниот линк http://www.glasprotivnasilstvo.org.mk/wp-content/uploads/2018/05/Prevencija_identif_Mak__cela.pdf

Print Friendly, PDF & Email