“Is 8th March Happy?” – Third March to Mark the International Women`s Day / „Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената

“We are marching today to show that our patience has reached a boiling point! We are marching today to show that we will no longer tolerate empty rhetoric! We won`t accept declaratory commitment for gender equality, nor laws and strategies for which no budget is allocated and which don`t lead towards achievement of real changes in women`s lives”. This was the opening Manifesto of the third march for women`s rights and gender equality, which carried the slogan “Is 8th March Happy?”

Attended by hundreds of women, the March for Women`s Rights started from the Park “Zhena Borec”, where the activists publicly called for changes which would result in genuine betterment of the status of women in our society.
“The continuing social, economic and political inequality of the women in Macedonia is the reason why we are gathered here today to express out revolt, concern and disappointment. Women continue to be inactive in the labor market despite the fact they are more educated than the men. Violence against women and girls is a sad reality in our society. Stereotypes, hatred and misogyny are present not only in the private sphere, but in the public discourse as well” said Sneska Ilikj from Reactor – Research in Action.

Salija Bekiri Halim from the Women`s Initiative from Shuto Orizari addressed the multiple discrimination against Roma women for being women, for their socio-economic stats and their ethnicity. She called on the state to undertake concrete measures to put an end to child marriages and the illegal charging of primary care gynecologists and to pass the Law on Protection against Discrimination.

Vangelina Parmachka from the National Federation of Farmers stated that women were invisible pillars in the rural areas, but they are facing challenges and problems. Parmachka underlined the necessity to remove the discriminatory measure from the Rural Development Program for 218-2021 which set as requirement that women should be married, have at least one child, be unemployed, housewives and live in an area populated by at least 200 people at 700 meters above sea level in order to qualify under the program.

“It is high time that the institutions in this started working for its women citizens as well!” – was the conclusion of the Manifesto for Women`s Right read by Jovana Jovanovska Kanurkova from the Helsinki Committee for Human Rights. The march then proceeded to the Square “Macedonia”, and ended at the square “Phillip II”.
The March for Women`s rights is organized by women activists and the Platform for Gender Equality.

 

„Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме дека веќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените“. Вака започна Прогласот од третиот марш за права на жените и борбата за родова еднаквост, кој се одржа под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“.

Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.

„Континуираната социјална, економска и политичка нееднаквост на жените во Македонија е причината поради која денес сме собрани да го изразиме нашиот револт, загриженост и разочарување. Жените и понатаму се неактивни на пазарот на труд, иако се повеќе образовани од мажите. Насилството врз девојките и жените е жална реалност во нашето општество. Стереотипите, омразата и мизогинијата е присутна не само во приватната сфера, туку и во јавниот дискурс“ – изјави Снешка Илиќ од Реактор – Истражување во акција.

Салија Бекир Халим од Иницијативата на жени од Шуто Оризари се осврна на повеќекратната дискриминација врз Ромките, поради тоа што се жени, поради нивниот социоекономски статус и поради нивната етничката припадност. Таа упати повик до државата веднаш да преземе конкретни мерки за да се стави крај на малолетничките бракови, на незаконската наплата од страна на матичните гинеколози и да го донесе Законот за заштита од дискриминација.

Вангелина Пармачка од Национална федерација на фармери истакна дека жените се невидливи потпори во руралните средини, но се соочуваат со голем број на предизвици и проблеми. Пармачка го нагласи барањето за отстранување на дискриминаторската мерка во Програмата за рурален развој 2018 -2021, со која се бара жената да е во брак, да има родено едно дете, да е невработено лице, домаќинка и да живее во населено место од 200 жители на надморска височина од 700 метри.

„Време е институциите на оваа држава да почнат да работат и за граѓанките!“, со оваа порака заврши прогласот за женски права кој го прочита Јована Јовановска Кануркова од Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа маршот продолжи преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, а заврши на плоштадот Филип Втори.
Маршот за женски права е организиран од активистките за женски права и Платформата за родова еднаквост. Прогласот за женски права може да го прочитате тука.

CSSP Civil Society Strengthening PlatformGDPR Cookie Consent with Real Cookie Banner