Abortion is a necessary health service for women even during a pandemic crisis / Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза

The day for safe abortion is celebrated on 28 September, when the organizations all around the world join their powers and raise their voice for immediate safe and legal abortion, even in a time of pandemic for this year.

The health crisis increased the risk for sexual violence and many women weren’t able to access the contraception. At the same time, they also don’t have an access to safe and secure abortion. Many hospitals closed their units because the medical stuff needed to fight against the COVID-19 pandemic. Many women who come from countries with restrictive abortion laws, weren’t able to travel to other countries to perform it, because the borders were closed. So, it became a “mission impossible” for those who need it.

As the hospitals are fighting with the coronavirus, the authorities forgot about this essential need for every women. In many countries, the doctors used the situation to avoid performing abortions, as needed.

In many countries, including Poland, Lithuania, Malta, and Slovakia, the governments tried to bring even more restrictive abortion laws, making the women to give up on their idea to stop their pregnancy. This situation showed us that the medical abortion (the pill abortion) is urgently needed, as a safe option for those women who don’t want to proceed with their pregnancy.

The National Network to End Violence Against Women and Domestic Violence is a member of the the Platform for Gender Equality, and we all raised our voice, calling the Ministry of Health of North Macedonia to accept the changes, and make the medical abortion accessible to every primary health care unit, no matter the situation with the pandemic.

***************************

Денот на безбедниот абортус се прославува на 28 септември, а на истиот ден многу организации од светот ги здружуваат своите сили и го креваат својот глас за итен и безбеден легален абортус, дури и кога се соочуваме со пандемија оваа година.

Здравствената криза го зголеми ризикот за сексуално насилство и многу жени имаа ограничен пристап до контрацепција. Истовремено, голем дел од нив немаа пристап до безбеден абортус. Многу болници затворија дел од амбулантите, а персоналот се пренасочи во борбата против пандемијата. Многу жени кои доаѓаат од држави со рестриктивни закони против абортус, не можеа да патуваат во соседни држави каде може да ја добијат оваа здравствена услуга, бидејќи границите беа затворени, па така сето тоа беше невозможна мисија за нив.

Додека медицинските лица се борат против коронавирусот, властите заборавија на една од најесенцијалните потреби за секоја жена. Во многу држави, лекарите ја искористија сегашната ситуација за да ги избегнат абортусите.

Во повеќе држави, меѓу кои и Полска, Литванија, Малта и Словачка, властите се обидоа да воведат уште порестриктивни закони, принудувајќи ги жените да се откажат од нивната идеја/потреба да ја прекинат бременоста. Оваа ситуација ни покажа дека потребата за медикаментозен абортус е поголема од кога и да било, како безбедна опција за оние кои не сакаат да ја продолжат бременоста.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство е членка на Платформата за родова еднаквост, која заеднички со сите членки го крена својот глас, барајќи од нашето Министерство за здравство да ги прифати промените и да дозволи медикаментозниот абортус да биде достапен во секоја ординација, без разлика на сегашната ситуација со пандемијата.

Print Friendly, PDF & Email